Извозот на нафта од Иран го достигна највисокото ниво во изминатите четири години поради санкциите на САД, рече ресорниот министер на земјата Џавад Овџи, пренесува новинската агенција Тасним.
Тој рече дека зголемувањето е за 190 милиони барели над претходната година.
Видете и ова: Иран почна со извоз на нафта надвор од Ормускиот теснецВо ноември, претседателот Ебрахим Раиси рече дека извозот на нафта од Иран достигнал ниво што не е забележано откако администрацијата на Трамп повторно ги воведе санкциите во 2018 година.
Компаниите кои го следат протокот на нафта рекоа во јануари дека порастот на извозот на Иран се должи на повисоките испораки во Кина и Венецуела.