Откривањето на потеклото на ковид-19 е морален императив и мора да се истражат сите хипотези, рече шефот на Светската здравствена организација (СЗО) додавајќи дека остануваат посветени да откријат како настанал вирусот.
Видете и ова: СЗО побара од Кина да продолжи да информира за состојбата со ковидДиректорот на американското федерално истражувачко биро (ФБИ),Кристофер Вреј неодамна изјави дека Бирото верува дека вирусот ковид 19 „најверојатно“ настанал во „лабораторија контролирана од кинеската влада и како што рече „ФБИ веќе долго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“.
Пекинг го отфрли ова тврдење, и го обвини Вашингтон за „политичка манипулација“.