Британија повикува на забрана за руски и белоруски спортисти на Олимпијадата

Илустрација

Велика Британија ги повика олимписките спонзори, вклучувајќи ги Кока-Кола и Самсунг, да ја поддржат забрана на руски и белоруски спортисти да се натпреваруваат на летните игри следната година во Париз.

Лондон се надева дека притисокот од спонзорите ќе влијае врз Меѓународниот олимписки комитет.

Видете и ова: Москва: Неприфатливи се повиците за забрана руските спортисти да учествуваат на Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет се соочува со зголемен притисок откако во јануари им постави пат на натпреварувачите од Русија и Белорусија да се борат за учество на Олимписките игри во Париз преку азиските квалификации, но без руски и белоруски симболи и под услов тие активно да не ја поддржуваат војната во Украина.