Иран го финализираше договорот за купување борбени авиони, Сухој Су-35, од Русија, објавија државните медиуми. Во соопштението до Обединетите нации, официјален Техеран вели дека започнал консултации за купување борбени авиони и за надополнување на својата флота по иранско-ирачката војна 1980-1988 година.
„Русија објави дека е подготвена да ги продаде“ откако ограничувањата за купување на конвенционално оружје на Иран, според Резолуцијата 2231 на ОН, истекоа во октомври 2020 година, се вели во официјалното соопштение, објавено од новинската агенција ИРНА.
„Борбените авиони Сухој 35 беа технички прифатливи за Иран“, се додава во соопштението.
Техеран воспостави силни врски со Москва во различни сектори, во текот на изминатата година. Киев го обвини Техеран дека ја снабдува Москва со беспилотни летала, кои се користат во нападите врз цивилни цели, додека Иран негира.
САД изразија загриженост поради се поголемата воена соработка меѓу Иран и Русија, а портпаролот на Пентагон, Џон Кирби уште во декември предупреди дека Русија најверојатно ќе му ги продаде на Иран своите борбени авиони.
Иран моментално има претежно руски борбени авиони од советската ера, како и некои кинески авиони. Дел од нејзината флота се и некои американски борбени авиони кои датираат од пред Исламската револуција во 1979 година.