Операција за спасување на повеќе од 1.000 мигранти на јужниот брег на Италија

Илустрација

Голема операција за спасување на 1.300 мигранти во преполни чамци е во тек долж брегот на Италија. Морнарицата и крајбрежната стража велат дека брзаат да им помогнат на три брода во близина на јужниот регион Калабрија.

Италијанската крајбрежна стража ја опиша операцијата како „особено сложена“ поради бројот на луѓе кои се во опасност.

„Ваквите спасувачки операции се особено сложени поради големиот број луѓе на чамци“, изјави еден член на крајбрежната стража.

Видете и ова: Најмалку 45 мигранти загинаа во бродолом во регионот на Калабрија

Спасувачката операција доаѓа речиси две недели откако најмалку 73 мигранти загинаа во бродска несреќа во истиот регион. Меѓу жртвите беше и шестгодишно момче.

По минатомесечниот трагичен настан, италијанската крајнодесничарска влада беше обвинета дека не сторила доволно за да спречи загуба на животи. Премиерката Џорџија Мелони предложи затворски казни до 30 години за шверцерите на мигранти.

Италија годинава бележи зголемување на мигрантите кои пристигнуваат по море. Илталијанското МВР евидентирало три пати повеќе пристигнувања отколку во истиот период минатата година.