Еден загинат, пет ранети во експлозија на бомба во Авганистан

Авганистан - експлозија на бомба за време на церемонија на доделување награди за новинари

Едно лице загина, а пет се ранети при експлозија на бомба во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф.

Бомбата експлодирала за време на церемонија на доделување награди за новинари. Лицето кое загинало се уште не е идентификувано, но меѓу петтемина повредени има и новинари.

Видете и ова: Бомба скриена во количка натоварена со зеленчук експлодираше во Кабул

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но Исламската држава во провинцијата Хорасан е клучен ривал на талибанците.

Пред два дена во експлозија на бомба исто во Мазар-е-Шариф загина гувернерот на областа, Дауд Музмал заедно со уште две други лица.

Милитантната група ги засили своите напади во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во земјата во август 2021 година.