Продолжува руската офанзива врз Бахмут

Илустрација

Руските сили продолжуваат со нападите во областите околу источниот град Бахмут во украинскиот регион Доњецк, соопшти украинската војска.

Од украинскиот генералштаб тврдат дека руската војска извршила „повеќе од 100 напади“ во Лиман, Бахмут, Авдијевка и Шахтарск.

Како што соопштија од украинската војска, Русија, исто така, извршила 29 воздушни напади и четири ракетни напади во регионот на Доњецк во изминативе 24 часа, при што биле повредени и цивили, а била оштетена и цивилната инфраструктура.

Видете и ова: Шефот на Вагнер тврди дека го зазелe целиот источен дел на Бахмут

Извештаите не можеа да бидат независно потврдени.

Бахмут е центарот на интензивни борби со недели. Украинската заменик-министерка за одбрана вчера изјави дека битката во Бахмут „ескалирала“ и дека руските сили ги засилуваат нападите за преземање на градот.