Србија е единствената земја од Западен Балкан која не се согласи со одлуката на Европската унија (ЕУ) за воведување нови санкции против Иран.
Ова беше потврдено во изјавата на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во која истакна дека со оваа одлука се согласиле земјите кандидатки Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои се членки на Европската економска област.
„Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа Одлука за спроведување на Советот. Европската унија ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, се вели во изјавата на Борел.
На 20 февруари, Европската унија ги замрзна средствата и објави визна забрана за иранскиот министер за образование Јусуф Нури и министерот за култура Мохамад Мехди Есмаили како дел од петтата рунда санкции против Иран.
Видете и ова: ЕУ воведува нови санкции против Русија и ИранСпоред податоците објавени во Службениот весник на ЕУ, новите мерки се насочени против 32 лица и две фирми, парламентарци, службеници на судството и затворските служби обвинети за вмешаност во репресии против демонстрантите.
Србија е земја кандидат која се сметаше за лидер во регионот во процесот на сегашните преговори. Сепак, земјата не направи ниту еден чекор во оваа насока во претходната година, бидејќи одбива да воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина.
ЕУ воведе десет пакети санкции против Русија, а Србија не се согласи со ниту една одлука. Сите други земји од регионот редовно се усогласуваат со европската политика на санкции против Русија.