Грузискиот парламент изгласа повлекување на законот за „странски агенти“

илустрација

Грузискиот парламент донесе одлука за повлекување на контроверзниот закон за „странски агенти“ по неколкудневни протести.

Овој потег следува откако грузиската владејачка партија во четвртокот го отфрли законот за „странски агенти“ по протестите што предизвикаа критики дека нацртот е инспириран од руски закон и претставува авторитарна промена.

Според нацрт-законот, грузиските организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство требаше да се регистрираат како „странски агенти“ или во спротивно да се соочат со парични казни.

Видете и ова: Грузија го повлече спорниот предлог закон за „странски агенти“

Предлогот, кој официјално има за цел откривање на приливот на пари од странство, предизвика дводневни масовни демонстрации во главниот град Тбилиси, бидејќи критичарите стравуваат дека тоа е начин владата да ја запре опозицијата.

Грузиските власти употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите за време на протестите во вторник и среда.
Само во вторникот беа уапсени десетици луѓе.