ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува акција „Заедно со народот“, најави на 9 март на прес-конференција, генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски.
Тимови од најголемата опозициска партијата, прво ќе се среќаваат со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.
„Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен. За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните“, рече Сајкоски.
ВМРО-ДПМНЕ ја има власта на локално ниво, по изборите есента 2021.
Партискиот лидер Христијан Мицкоски со месеци ги посетува градовите во кои локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и партиски општински комитети низ Македонија.