САД издадoa налог за запленување авион на рускиот енергетски гигант Роснефт

Издаден е налог за запленување на авион Боинг 737-7ЈУ, вреден 25 милиони долари, во сопственост на рускиот нафтен гигант Роснефт, соопшти американскиот оддел за правда на 8 март.

Компанијата е предводена од бизнисменот поврзан со Кремљ, Игор Сечин.

Според соопштението на Одделот за правда на САД, заплената на авионот е врз основа на прекршување на Законот за реформа на контрола на извозот и санкциите воведени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Роснефт е обвинет за кршење на американските санкции. Авионот, според истражителите, заминал и се враќал во Русија најмалку седум пати по воведувањето на санкциите.

Видете и ова: Европскиот суд ги потврди санкциите против рускиот гигант Роснеф


Истрагата смета дека тоа ја прекршува забраната за авиони произведени во САД да летаат во Русија без посебни дозволи одобрени од американските власти.

„Со кршење на контролата на извозот, Роснефт ги претвори своите авиони во шверцерски предмет“, изјави портпаролот на американското Министерство за правда, Ендрју Адамс.

Обвинителот Брион Пис рече дека одлуката покажува дека руските компании и олигарси ќе мора да платат за флагрантно кршење на американските санкции против Русија.

Боингот на Роснефт сега може да биде притворен во многу земји на барање на САД.