Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека осум од 20-те дизел генератори во украинската нуклеарна централа Запорожје обезбедуваат „суштинска“ енергија, откако централата остана без електрична енергија по руските ракетни напади низ Украина во текот на ноќта.
Во соопштението на МААЕ се вели дека другите генератори се во режим на подготвеност и дека има доволно дизел за 15 дена работа. Ова е прв пат централата да ја изгуби сета моќ од 23 ноември.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно предупреди за опасност.
„Секогаш кога играме со оган и ако дозволиме оваа ситуација да продолжи, еден ден среќата ќе ни го заврти грбот“, изјави Гроси пред Одборот на гувернери на МААЕ во Виена.
Тој апелираше до сите „да се посветат на заштитата на безбедноста“ на централата, со формирање посебна зона.
Нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, е окупирана од руските сили.