Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак на 9 март попладне ќе ја започне дводневната посета на Косово со средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
За време на посетата, како што е најавено, тој ќе разговара за подготовките за средбата во Охрид со највисоките претставници на Косово и со претставници на опозицијата. Лајчак денеска ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти. Лајчак за време на посетата ќе се сретне и со претставници на опозицијата.
Две косовски опозициски партии, ДПК и ДСК, се изјаснија против договорот што го предлага ЕУ за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. За договорот на средбата на 27 февруари во Брисел разговара српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Курти.
ЕУ соопшти дека по посетата на Приштина, на 13 и 14 март ќе го посети и Белград.
Минатата недела Лајчак најави посета на Приштина и Белград со цел да се преземат дополнителни чекори за усогласување на патоказот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пред средбата на највисоко ниво во Охрид на 18 март.
Предлогот на ЕУ не е потпишан, иако двете страни се усогласија околу текстот на договорот.
Од ЕУ на 2 март соопштија дека, откако двете стани се усогласиле за предлогот, не е потреба понатамошна дискусија, и дека тестот сега прераснува во „договор за патот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Лајчак за време на посетите треба да им помогне на страните да ги финализираат разговорите за изработка на мапата по која ќе се спроведува договорот.
ЕУ, очекува на состаноците на Европскиот совет на 23 и 24 март да добијат извештај дали Белград и Приштина се договориле за имплементација на предлогот.