Во Турција се приведени 157 луѓе поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција.
Против 651 лице е поведена судска постапка, приведени се 157, а на 29 им е одреден притвор.
Единицата за компјутерски криминал добила овластувања да работи деноноќно.
Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв и паника меѓу турските граѓани.
Речиси 46.000 луѓе загинаа, а 105.000 беа повредени во земјотресот во Турција од 6 февруари, со јачина од 7,8 степени и последователниот од 7,6 степени, но билансот сè уште не е целосен.