Марш во Скопје против „колективната негрижа кон жените и девојките“

Марш во Скопје по повод Меѓународниот ден жените, 8 март.

Голем број на жени и мажи се придружија на денешниот марш во Скопје под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, организиран по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.

Како што најавија организаторите, маршот е одраз на случувањата во земјата, особено кон колективната негрижа кон жените и девојките, растечките стапки на насилство врз жените, фемицидите, економските и здравствени неправди...

Видете и ова: Што значи 8-ми Март - дупка во знаењето на младите

Жените и девојките во Македонија секојдневно живеат во став и се прашуваат дали ќе го преживеат месецот, бракот или породувањето, рекоа учесниците во протестот.

Тие велат дека во 2023 година жените и девојките се уште се дискриминирани во секој поглед, не остваруваат еднакви права, ниту еднакви можности на работа, во нивните домови, во политиката или во социјалниот живот.

Маршот започна на плоштадот Филип Втори во Скопје, а заврши пред Собранието.