Десетици илјади луѓе денеска маршираа во Атина и во градовите низ Грција, протестирајќи поради смртта на 57 лица во трагичната железничка несреќа што откри значителни празнини во безбедноста на железницата.
Работничките синдикати и студентските здруженија организираа демонстрации, додека штрајковите ги запреа траектите до островот и јавните транспортни услуги во Атина, каде што протестираа најмалку 30.000 луѓе.
Судири избија по митинзите во Атина и уште два града.
Повеќе од 20.000 луѓе се приклучија на митинзите во Солун, вториот по големина град во Грција, каде што неколку десетици млади му пркосеа на полицискиот кордон. Дванаесет студенти од градскиот универзитет се меѓу загинатите во минатонеделниот судир на два воза.
Видете и ова: Во Грција најавени големи протести поради железничката несреќаПолицијата употреби солзавец во јужниот град Патра, каде што општински бенд претходно свиреше музика со погребен марш додека ги водеше демонстрациите. Во централниот град Лариса, во близина на местото на железничката несреќа, студентите држеа црни балони и извикуваа „Нема добивка над нашите животи!“
Несреќата се случи на северот на Грција во близина на градот Лариса. Патнички воз со 350 патници се судри со товарен воз кој сообраќал по истата пруга во спротивен правец. По судирот избувна пожар.
Шефот на станицата за кој се пишуваше дека ги ставил возовите на иста пруга, беше обвинет за убиство од небрежност и други кривични дела, а министерот за транспорт на земјата и високите претставници на железниците поднесоа оставки еден ден по несреќата.
Несреќата на 28 февруари предизвика јавно незадоволство поради катастрофалната состојба на грчката железничка мрежа, за која работниците што штрајкуваат порачаа дека се виновни за тоа долгогодишното запоставување, недоволно инвестирање и недоволно персонал, а сето тоа е резултат на децениската должничка криза во земјата.