Aктуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Северна Македонија, како и другите земји членки на НАТО биле тема на разговор на денешна работната средба на премиерот Димитар Ковачевски и неколку министри со делгација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.
На средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот било констатитрано дека станува збор за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.
Во Македонија со месеци има лажни дојави за бомби во училишта и други јавни објекти, а учениците губат часови додека да се направат безбедносни проверки.
Видете и ова: За откривање на лажните дојави за бомби со VPN од Русија и Иран потребна е меѓународна соработкаОд крајот на 2022 година навами се случија и сајбер напади врз интернет страници на државните институции, последно врз Фондот за здравствено осигуривање, а претходно и врз Владата и министерствата за земјоделство и за образование и наука, од каде беа украдени податоци, а во некои од случаите напаѓачите за нив бараа откуп во крипто валути.
На денешната средва министри разговарале со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности.
Со досега преземените мерки „е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна“, се вели во соопштението.
На средбата било дискутирано и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во регионот и врз другите членки на НАТО.
Видете и ова: Спасовски: Надворешните закани за бомби доаѓаат од Иран и од РусијаЗаменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласил дека предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата на Република Северна Македонија ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега.
„НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност“, се вели во соопштението.
Премиерот Ковачевски се заблагодарил на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.