Шефот на руската приватна платеничка армија, Вагнер денеска изјави дека неговите војници го зазеле „целиот источен дел“ на Бахмут, центарот на борбите во источна Украина.
„Војниците на Вагнер го зазедоа целиот источен дел на Бахмут, сè источно од реката Бахмутка“, изјави Евгениј Пригожин во аудио порака објавена од неговата прес-служба.
Во последните денови, притисокот значително се зголеми врз украинските сили кои го бранат Бахмут, соочени со рускиот напредок и опкружување.
Видете и ова: Во размена на заробеници ослободени се 130 украински и 90 руски војнициВо својот последен извештај објавен во вторникот, Институтот за проучување на војната (ISW), кој обединува американски експерти, рече дека руските сили „изгледа“ го зазеле источниот дел од градот по „контролирано повлекување“ на украинските сили во областа.
Во интервју за Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот рече дека неговите војници се решени да го задржат градот.
Тој рече дека по Бахмут, Русите би можеле да имаат отворен пат за понатамошен напредок, до Краматорск, Славјанск и други градови во Украина.
Околу Бахмут се води најдолгата и најсмртоносната битка од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.