Воени авиони се судрија во близина на Рим, загинаа двајца пилоти

Илустрација, воен авион над Италија

Два ултра лесни воени авиони У-208 од италијанското воено воздухопловство се судрија денеска, во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти загинаа, пренесуваат италијанските медиуми.

Областа каде што се паднале авионите е оградена и спасувачи на терен проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага.

Видете и ова: Извлечени 68 тела на загинати во авионската несреќа во Непал

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот. Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.

„ Во име на Владата го изразувам моето најдлабоко сочувство до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионот.