Алијанса за Албанците за директор на МЕПСО го предлага досегашниот пратеник од нивните редови Судија Рашиди кој на директорското столче ќе го замени досегашниот Орхан Муртези кој доаѓаше од редовите на Алтернатива, партија што замина во опозиција. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.
Алијанса за Албанците во изјава за новинската агенција МИА посочуваат дека промени ќе има и во градот Скопје. Досегашната заменик градоначалника на Скопје Бујаре Абази ќе биде предложена за директорка на „Македонски пошти“ на местото на досегашниот генерален директор Васко Стефанов.
Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.
Видете и ова: Разрешени министрите од АлтернативаСо реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство - Вјолца Бериша.