Лукашенко- Уапсени се украинско-руски државјани за нападот врз рускиот авион

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, архивска фотографија

Уапсени се украинско - руски државјани за организирање на напад со беспилотно летоало врз руски воен товарен авион во воздухопловната база во близина на Минск, настан кој се случи кон крајот на минатиот месец.

Оваа информација во јавноста ја објави белоурскиот долгогодишен претседател Александар Лукашенко. Тој изјави дека овие лица дејствувале „под команда на Службата за безбедност на Украина и ЦИА“. Тој не даде докази за да го поткрепи неговото тврдење.

Ова е првиот коментар на Лукашенка за инцидентот во воздухопловната база Мачулиши. Минск претходно ги демантираше медиумските извештаи за нападот. Белоруската антивладина група „БИПОЛ“ минатата недела соопшти дека белоруските герилци го извршиле нападот и „сега се безбедни, надвор од земјата“.

Видете и ова: Белорусија ги зголемува граничните проверки по нападот врз рускиот авион

Алиаксандр Азаров, шефот на активистичката антивладина група именувана како Унија на безбедносните сили на Белорусија односно БИПОЛ изјави за белоруската служба на РСЕ дека биле користени беспилотни летала за напад на авионот додека бил на земја, додавајќи дека оние што учествувале во операцијата „сега се безбедни, надвор од земјата“.

Азаров, кој служеше како потполковник во единицата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи го основаше Унија на безбедносните сили на Белорусија во 2020 година по невидените масовни протести што избувнаа кога авторитарниот владетел Александар Лукашенко ја потврди победата на спорните избори.

Видете и ова: Белорусин осуден на 15 години затвор поради „герила акција“

Унија на безбедносните сили на Белорусија стекна влијание во земјата во текот на изминатата година по нејзините напори да ги оштети белоруските железници за да го попречи напредокот на руските трупи и оружје во Украина.
Кампањата беше наречена „војна на железницата“, додека оние кои беа вклучени во кампањата го добија прекарот „железнички герилци“. На неколку „железнички герилци“ веќе им се изречени долги затворски казни откако беа приведени од белоруските власти.