Нивото на вработеност на жените во Авганистан драстично падна откако талибанската администрација ја презеде власта во 2021 година, покажуваат новите податоци на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Во четвртиот квартал од 2022 година, вработеноста на жените се проценува дека била за 25 отсто помала отколку во вториот квартал од 2021 година, пред кризата. Нивото на вработеност кај мажите е намалено за седум отсто во истиот период.
Ограничувањата на учеството на жените на пазарот на трудот придонесоа за ова значитечно опаѓање. Самовработувањето во домот стана доминантна форма на учество на жените на пазарот на трудот, што спречи натамошно опаѓање на бројката.
„Ограничувањата на девојките и жените имаат сериозни импликации за нивното образование и перспективите на пазарот на трудот“, изјави Рамин Бехзад, виш координатор на МОТ за Авганистан.
„Обезбедувањето еднаков пристап на сите млади жени и мажи до квалитетно образование и обука, како и пристојни и продуктивни можности за вработување остануваат клучен предизвик и приоритет за иднината на авганистанската економија и општество“, додаде тој.
Според новиот извештај „ Вработување во Авганистан во 2022 година“ вработеноста на младите се проценува дека е намалена за 25 отсто во четвртиот квартал од 2022 година во однос на вториот квартал од 2021 година.
Во четвртиот квартал од 2022 година, вкупната вработеност во која е вбројана формалната и неформалната се проценува дека била за 450.000 пониска од нивото пред транзицијата и повеќе од 900.000 пониска во споредба со хипотетичко сценарио без промена во администрацијата.
Дополнително, приходите од трудот се тешко погодени и се сè попроменливи, особено повредувајќи ги домаќинствата кои се борат од зголемените цени на храната и потрошувачите.