Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Филипините, со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, соопшти денеска Американскиот сеизмолошки институт . Земјотресот не бил на голема длабочина, а се случил околу 14 часот по локално време во близина на селото Сан Маријано во провинцијата Давао де Оро, на јужниот филипински остров Минданао.
Локалните власти предупредуваат на можна материјална штета и дополнителни последователни потреси. Засега нема информации за предизвикана штета и жртви. Локалните власти изјавија дека се проверуваат информациите за лизгање на земјиштето на националниот пат.
Видете и ова: Земјотрес со интензитет од 6,9 степени ги погоди островите Кермадек во Нов ЗеландЗемјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на пацифичкиот „огнен појас“, зона на интензивна вулканска и сеизмичка активност