Двајца мажи се убиени, еден е ранет во вооружена престрелка во Старата скопска чаршија. Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди убиството на две лица вечерва кафе бар во Старата скопска чаршија.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за лица од криминалното подземје кои ѝ се познати на полицијата, а една од жртвите наводно е познат криминален бос.
Очевидци за порталот Мкд.мк велат дека неколкумина маскирани со фантомки на лицето влегле во кафулето, и испукале неколку куршуми кон тројца мажи.
„Во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, “ се вели во соопштението на МВР.
Видете и ова: Две банди владеат со скопското подземјеОд МВР засега не соопштуваат детали за потерата и за осомничените освен дека станува збор за повеќе лица кои пукале кон убиените.
Полициски сили вечерва го обезбедуваат местото на убиствата, како и приодите кон скопското Кале.