Руската платеничката група Вагнер, која се бори заедно со руските редовни и регрутирани војници во Украина, отворила најмалку три нови центри за регрутирање во руски спортски клубови во изминатите три дена, соопшти американскиот Институт за проучување на војната.
Војската на Вагнер е составена и од криминалци со досие, на кои им се ветува слобода ако служат шест месеци во платеничката група.
Американскиот институт цитира локални извештаи кои потврдуваат дека Вагнер регрурира војници во спортскиот објект Динамо во Самара, спортскиот клуб Антарес во Ростов и зградата на Руската боксерска федерација во Тјумен, во согласност со неодамнешното соопштение на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Видете и ова: Руската Вагнер тврди дека Бахмут е речиси целосно опколен
Пригожин е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и иако Вагнер главно дејствува независно од руската војска, тој одигра клучна улога во нападот на Украина.
Во јануари, САД официјално го означија оваа група како транснационална криминална организација, ставајќи ја исто ниво со италијанските мафијашки групи и организираните криминални групи од Јапонија и Русија.