Пакистанските власти го забранија маршот за женски права во Лахоре

Активистите на Маршот Аурат се собираат на маршот за да го одбележат Меѓународниот ден на жената во Карачи на 8 март 2021 година

Властите во источниот пакистански град Лахоре не дозволија да се одржи собир по повод Меѓународниот ден на жената. Ваквите собири редовно наидуваат на жестоки реакции во конзервативната, патријархална земја.

Во поголемите градови низ Пакистан од 2018 година се одржуваат маршеви за да се привлече вниманието на правата на жените.

Градските власти на Лахоре како причини за одлуката да не се дозволи маршот ги навеле контроверзните транспаренти и банери кои обично ги носат учесниците на маршот и грижата за безбедноста.

Во истовреме со маршевите за права на жените, се одржуваат и контрапротестите наречени „Хаја (скромност)“, зад кои стојат религиозни групи кои повикаат на зачувување на исламските вредности.

„Тоа е кршење на нашите права. Ова покренува прашања за способноста на државата да управува со правото на слобода на собирање за двете групи“, изјави за Агенцијата Франс прес , Хиба Акбар, организатор на Маршот Аурат (женски) во Лахоре.

Властите во Лахоре дозволија овогодинешниот Хаја марш да се одржи и покрај забраната за маршот Аурат.

Организацијата за човекови права, Амнести интернешнал, рече дека одлуката на власите во Лахоре „значи незаконско и непотребно ограничување на правото на собирање“.

Aurat March.


Властите во главниот град Исламабад, повикувајќи се на безбедносни причини, го префрлија маршот Аурат во градски парк, каде што една жена беше групно силувана во февруари.

„Ние сме феминистичко движење, нема да бидеме во парковите, туку на улиците“, се вели во соопштението на организаторите на маршот таму.

Во 2020 година, групи тврдокорни исламисти се појавија во комбиња и фрлаа со камења врз жените кои учествуваа на маршот Аурат.