Прашањето за безбедноста на црногорските институции ќе биде отворено на вонредна седница на Владата и на седница на Советот за национална безбедност, најави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на 4 март ги посетија повредените во вчерашниот бомбашки напад во Основниот суд во Подгорица.
„Она што е најважно во овој момент е сите пациенти да се надвор од животна опасност. Сè е среќа во несреќата што по вчерашниот трагичен настан немаме повеќе жртви“, рече Абазовиќ по посетата на Клиничкиот центар на Црна Гора.
Видете и ова: Експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица, еден загинат и пет повредениСпоред него, вчерашниот настан не може да се стави во контекст на неколку настани што се случија претходно, каде беше најавено активирање на експлозивни направи.
„Ова е изолиран случај, се работи за човек кој имал одредени проблеми со кои требало да се позанимаваат сите други институции“, нагласи тој.
Пет лица се повредени и еден загинат во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, што се случи на 3 март.