Пред суд ќе биде изведен шефот на железничката станица во Лариса, кој беше уапсен за несреќата и судирот на двата воза во кој животот го загубија 57 лица.
Несреќата се случи на 28 февруари доцна во ноќта, во близина на Лариса, Грција.
Адвокатот на уапсениот, 59 годишен шеф на железничката станица, рече дека неговиот клиент направил грешка и дека презема одговорност, но само за делот што се однесува на него.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој, од засега непознати причини, на двата воза, и на патничкиот и на товарниот, им дозволил да го продолжат патувањето кон Солун и Атина, на истата шина, но во спротивна насока, што резултираше со директен судир.
Според последните официјални податоци од грчката полиција, заклучно со синоќа, преку ДНК анализи идентификувани се 54 од 57 загинати, додека пак во болниците, хоспитализирани се 38 лица, од кои седум на одделите за интензивна нега.
Видете и ова: Продолжува идентификација на жртвите од железничката несреќа во ГрцијаВеднаш по несреќата, железницата прогласи 24-часовен штрајк, што секојдневно се продолжува, па така Грција веќе четврти ден е без возови.
Трагедијата, една од најголемите во земјата во изминатите 50 години, предизвика бурни реакции кај граѓаните кои континуирано организираат протести во повеќе градови, а синоќешните во Атина завршија со инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата.