Земјотрес со интензитет од 6,9 степени ги погоди островите Кермадек во Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадек во јужниот дел на Пацификот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Ненаселените острови Кермадек му припаѓаат на Нов Зеланд.

Земјотресот бил на длабочина од 150 километри.

Видете и ова: Колера и други заразни болести-закана за областите погодени од турскиот земјотрес

Европскиот медитерански сеизмолошки центар претходно ја процени магнитудата на 6,6 степени и длабочината на 183 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредување за цунами.