Од Скопје до Месечината
МАКЕДОНИЈА - Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.
СРБИЈА - Под мотото „Омразата убива“ во Белград се одружва протест на ЛГБТ заедницата. Протестот се одржува на местото, каде пет дена претходно, на 28 февруари, млад човек бил избоден со нож поради неговата сексуална ориентација.
МАКЕДОНИЈА - Министерството за образование и наука (МОН) ќе даде упатство до директорите на училиштата како да постапуваат во случај на дојава за бомба, ова било одлучено на денешниот состанок на Премиерот со Министерот за внатрешни работи, Министерот за образование и директорот на Бирото за јавна безбедност.
РУСИЈА - Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ тврди дека градот Бахмут во источна Украина е речиси целосно опкружен. Единиците на приватната воена компанија „Вагнер“ практично го опколија Бахмут“, вели во видео изјава, Евгениј Пригожин, бизнисмен и ко-основач на платеничката група „Вагнер“ која е директно поврзна со Кремљ, пренесува украинскиот сервис на РСЕ.
БЕЛГИЈА - Стотици земјоделци со своите трактори го блокираа сообраќајот во Брисел во знак на револт од владиниот план со кој се предвидува намалување на дозволеното ниво на азот при ѓубрење.
ГРЦИЈА - Грчките тимови трет ден го пребарауваат местото каде што патнички воз се судри со товарен воз во вторник, на 28 февруари. Грчките власти соопштија дека досега утврдено е дека 57 лица загинале во несреќата. Силината на директниот судир и пожарот што следеше го отежнаа утврдувањето на бројот на жртвите.
СРБИЈА - Од почетокот на војната во Украина, од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
ИРАН - Меѓународниот детски фонд за итни случаи на Обединетите нации (УНИЦЕФ) понуди помош на Иран во отркивањето на причините за мистериозното труење кај повеќе ученички низ земјата.
САД - „Спејс-Икс“, компанијата на милијардерот Илон Маск, лансираше четворица космонаути на Меѓународната вселенска станица.
Во четиричлениот екипаж се двајца американски, еден руски и еден космонаут од Обединетите Арапски Емирати, кои утринава стигнаа на вселенската станица, по вчерашното лансирање од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, во Флорида.
ЦРНА ГОРА - Пет лица се повредени и еден загинат во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, јави репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ) од местото на настанот. Информацијата ја потврди и црногорската полиција. Срѓан Кораќ од Криминалистичката полиција им изјавил на новинарите дека М.Б. (39) од Подгорица загинал откако ја активирал експлозивната направа.
ГЕРМАНИЈА - Германија побара од Швајцарија да и продаде резервни тенкови Леопард 2, што ќе им овозможи на западните земји да ја зголемат воената помош за Украина, објавија швајцарската и германската влада денсека. Германија сака Швајцарија да продаде дел од своите тенкови на германскиот производител на оружје „Рајнметал“, што ќе и овозможи на компанијата да ги пополни празнините во вооружувањето на членките на Европската унија и НАТО.
БЕЛОРУСИЈА - Судот во Минск го осуди белорускиот добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјалјатски на 10 години затвор за „незаконски активности и финансирање“ на организацијата за човекови права „Вјасна“, чиј претесадател е тој, јави новинската агенција ТАСС.
УКРАИНА - Во Бахмут и денеска се водеа интензивни борби, соопшти украинската војска на 3 март. Покрај Бахмут, кој со месеци е епицентарот на битката на истокот, украинската војска се соочила со најмалку 85 напади на руските сили во правец на градовите Лиман, Авдијевка и Шахтарск во Доњецк и во Купјанск. северниот регион Харков, соопшти Генералштабот на украинската војска во својот дневен извештај.