Под мотото „Омразата убива“ во Белград се одружва протест на ЛГБТ заедницата. Протестот се одржува на местото, каде пет дена претходно, на 28 февруари, млад човек бил избоден со нож поради неговата сексуална ориентација.
Од организациите за правата на ЛГБТ заедницата велат дека главното барање од протестот е институциите да си ја завршат работата.
Протесот доаѓа откако на 28 февруари неколку лица биле нападнати поради нивната сексуална ориентација. Група мажи, членови на „скинхедси“, со нож избоделе едно лице, а со скршено шише нападнале друго лице“.
Видете и ова: Тројца нападнати во Белград поради сексуална ориентацијаОрганизацијата за правата на ЛГБТ+ „Белград Прајд“ порача дека државата мора да работи на спречување и осуда на говорот на омраза во јавноста, „кој често резултира токму со вакви злосторства“.
Од август 2022 година, во Србија се регистрирани 68 инциденти и напади против членови на ЛГБТ заедницата.