Од почетокот на војната во Украина, од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
„Србија, а јас можам да го тврдам тоа, бидејќи моето министерство дава дозвола за извоз, нема извезено воена опрема во ниту една земја за која сметаме дека би била проблематична или спорна на кој било начин“, рече Дачиќ.
Вчера портпаролката на руското МНР побара од Белград официјален одговор на информациите дека е испорачано српско оружје во Украина, што српскиот министер за одбрана Миш Вучевиќ веднаш ги негираше.
Ова доаѓа откако некои од руските медиуми објавија дека 3.500 ракети од српската фабрика „Крушик“ биле доставени до вооружените сили на Украина преку Турција и Словачка, што беше демантирано и од фабриката „Крушик“ и од Министерството за одбрана на Србија.
Србија и Русија со години одржуваат исклучително добри меѓудржавни односи. Србија е една од двете земји, кандидати за членство во Европската унија, кои не воведоа санкции кон Русија по агресијата врз Украина. Освен Србија, тоа не го направи ниту Турција