Министерството за образование и наука (МОН) ќе даде упатство до директорите на училиштата како да постапуваат во случај на дојава за бомба, ова било одлучено на денешниот состанок на Премиерот со Министерот за внатрешни работи, Министерот за образование и директорот на Бирото за јавна безбедност.
Мерките во упатството ќе бидат детално образложени во следните неколку денови, соопштија од Владата.
„Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република Северна Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес“, се вели во соопштението од Владата.
Видете и ова: Еден јавен и еден таен протокол, дел од мерките за лажните дојави за бомбиИстрагата за лажните дојави за бомби трае со месеци, засега во јавноста нема информации до каде е, освен дека неколкумина се осомничени за „тероризам“ поради испраќање на лажни дојави за бомби до неколку училишта. Учениците речиси пет месеци со денови губат настава, а од МОН дури минатата недела препорачаа во деновите кога има настава да се префрлаат на он лајн настава.