„Спејс-Икс“ пристигна на меѓународната вселенска станица

Mисијата „SpaceX Crew-6“ на НАСА

„Спејс-Икс“, компанијата на милијардерот Илон Маск, лансираше четворица космонаути на Меѓународната вселенска станица.

Во четиричлениот екипаж се двајца американски, еден руски и еден космонаут од Обединетите Арапски Емирати, кои утринава стигнаа на вселенската станица, по вчерашното лансирање од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, во Флорида.

Приклучувањето беше кусо одложено поради неисправен сензор, поради што леталото лебдеше на околу 20 метри оддалеченост од вселенската станцица, додека се работеше на поправање на софтверската грешка.

Видете и ова: Четворица астронаути туристи се вратија на Земјата

Инаку, првично планираното полетување во понеделникот беше одложено неколку минути пред лансирањето, поради проблеми со системот за палење.

Во екипажот се двајцата Американци Стивен Бовен и Ворен Хобург, Андреј Федјаев од Русија и Султан ал Нијади, испратен од ОАЕ. Тие, како што е предвидено, ќе спроведат повеќе од 200 експерименти и технолшки демонстрации на вселенската станица во следните шест месеци.