Пет лица се повредени и еден загинат во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, јавува репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ) од местото на настанот.
Информацијата ја потврди и црногорската полиција. Срѓан Кораќ од Криминалистичката полиција им изјавил на новинарите дека М.Б. (39) од Подгорица загинал откако ја активирал експлозивната направа.
„Најверојатно активирал експлозивна направа со поголема разорна моќ при влегување во зградата на Основниот суд“, рече Кораќ.
Тој потврди дека пет лица се повредени и дека се сместени во Клиничкиот центар.
Полицијата и екипите на итната помош се на терен. Полицијата не им дозволува на новинарите да се приближат до местото на настанот. Повеќе детали се очекуваат наскоро.