Кратка средба Блинкен-Лавров на самитот на Г20

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров накратко се сретнаа на самитот на Групата 20

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров накратко се сретнаа на самитот на Групата 20, што е нивна прва средба по неколку месеци.

Американските власти соопштија дека Блинкен и Лавров разговарале десеттина минути на маргините на самитот на Г-20 во Њу Делхи.

Кратката средба се одржа во време кога односите меѓу Вашингтон и Москва драстично се влошени, додека руската инвазија на Украина продолжува.

Висок американски функционер рече дека Блинкен ја искористил дискусијата за да му пренесе трии работи на Лавров: дека САД ќе ја поддржат Украина се додека е потребно за да се стави крај на војната, дека Русија треба да ја повлече својата одлука да го прекине учеството во нуклеарниот договор Новиот СТАРТ и дека Москва го ослободува затворениот Американец Пол Вилан.

Видете и ова: Шефовите за финансии на Г20 со различни ставови за долговите и војната во Украина

Анонимниот извор пренесе дека Блинкен го „одвратил“ Лавров од секоја идеја дека американската поддршка за Украина не е сигурна.

Официјалниот претставник одби да го карактеризира одговорот на Лавров, но рече дека Блинкен не добил впечаток дека ќе има некаква промена во однесувањето на Русија во блиска иднина.

Од Русија сѐ уште нема коментар за средбата, која е прв контакт помеѓу Блинкен и Лавров од минатото лето, кога телефонски разговараа за американскиот предлог Русија да ги ослободи Вилан и поранешната притворена НБА ѕвезда Бритни Гринер.

Гринер подоцна беше ослободен во замена за затворениот руски дилер на оружје Виктор Бут, но Вилан останува во притвор во Русија откако беше обвинет за шпионажа.