Шолц побара од Кина да не ѝ испраќа оружје на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не и испраќа оружје на Русија како помош во војната против Украина, туку наместо тоа да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа британските медиуми.

Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.

Видете и ова: Кина и Русија заедно против САД

„Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи. И не му испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија“, потенцираше Шолц во говорот во германскиот парламент.

Тој сепак го пофали кинескиот претседател Си Џинпинг за „застанувањето на сите закани со нуклеарно оружје во војната во Украина“, што, според него, довело до деескалација на конфликтот.

Во својот говор, Шолц ги отфрли повиците за брзи мировни преговори меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека „не може да се преговара со пиштол на глава“.