Шаќири: Проблемите со онлајн настава се надминати

Јетон Шаќити, министер за образование и наука

Проблемите кои настанаа во онлајн наставата се надминаа за неколку часa и кон ова пристапивме од нужност, иако сме против он лајн настава. Ова го изјави министерот за образование Јетон Шаќири, на денешната прес конференција, но не посочи детали околу тоа какви мерки ќе се преземат за надминување на дојавите и за продолжување со наставата во училиштата.

„Што се однесува до образованиот аспект, вчера беше првиот ден, по првите препораки кои ги добија средните и основните училишта само во градот Скопје. Училиштата кои добија насоки во петокот и пристапија кон промена на лозинки, на пасворди, вчера немаа проблем. Некои од училиштата кои добија дојави во период од еден час ги надминаа проблемите, изјави министерот Шаќири.

Видете и ова: Рекорден број на дојави за бомби

Шаќири посочи дека е против он лајн настава, но за да не се губи многу од наставата, донеле одлука повторно да се организира учење од далечина.

Минатата и оваа недела учениците во прва смена од училиштата што добија пораки со закани имаа обврска за еден час да се вклучат од дома на онлајн-настава преку апликацијата Тимс, која беше користена за настава и за време на ковид-пандемијата.

Дојави за поставени бомби пристигнале и утрово на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.