И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Во изјава за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана.
Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат.
„Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, велат за МИА од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
Видете и ова: Нема леб оти пекарите си ја почитуваат одлукатаДенеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.