Рекорден број на дојави за бомби

Полиција пред скопската гимназија Јосип Броз поради дојава за бомба

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Досега ова е највисока бројка на пријави за бомби во училишта.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението.

Видете и ова: Онлајн настава заради дојавите за бомби - решение или уште поголем проблем?

Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.