Пекарите си ја почитуваат одликата, па затоа нема бел и полубел леб на полиците во маркетите, велат претставници од пекарската индустрија за МИА.
Тие во понеделникот најавија дека нема да прават леб ако Владата донесе одлука да ја замрзне цената не белиот и полубел леб од 450 грама на максимум 33 денари.
Владата во вторникот сепак донесе таква одлука.
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.
Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.
Од Инспекторатот најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов.
Видете и ова: Во дел маркети нема леб по замрзната ценаДенеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека „не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да осиромашува“.
Како што напомена Николовски, граѓаните очекуваа пониски цени на основните прехранбени производи, односно резултат од државната поддршка што ја добија компаниите преку субвенционираната струја. Компаниите од прехранбената индустрија од 1 декември лани имаат субвенционирана струја, но Владата вчера одлучи да им ја скрати таа мерка.