Руската офанзива на истокот на Украина сè повеќе е фокусирана кај градот Бахмут во Донецк, соопшти украинската армија на 28 февруари. Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека ситуацијата станува „исклучително тешка“ за украинските бранители на градот.
Украинските сили одбија повеќе од 60 напади на руски војници во источниот регион на Доњецк во изминатите 24 часа, соопшти украинскиот Генералштаб.
Руските напади продолжуваат КОН Лиманск, Авдиевка и Шахтјорск, но главната цел на рускиот напад останува Бахмут.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Зеленски рече дека „непријателот постојано уништува сè што може да се искористи за заштита на нашите позиции за утврдување и одбрана“ во Бахмут.
Руските трупи се обидуваат да го опколат Бахмут, каде борбите се интензивираа од минатиот месец, во обид да ги прекинат линиите за снабдување на украинските сили, но наидоа на жесток отпор.
„Нашите војници кои ја бранат областа околу Бахмут се вистински херои“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање на 27 февруари.