Тројца луѓе биле нападнати во Белград поради нивната сексуална ориентација, соопшти организацијата за ЛГБТ права „Белград Прајд“.
Како што е соопштено, ноќта меѓу 27 и 28 февруари, во паркот Мањеж, во напад со нож тешко е повреден млад човек.
„Група мажи, членови на „скинхедси“, го избодеа едниот од нападнатите со нож, а другиот го нападнаа со скршено шише“, објави „Белград Прајд“ на 28 февруари. Се додава дека и двајцата се хоспитализирани.
Организација за човекови права апелираше до надлежните органи да ги гонат сторителите.
„Сведоци сме на зголемување на нападите врз ЛГБТК заедницата и на злосторствата од омраза. Државата мора да работи на спречување и осуда на говорот на омраза во јавноста, кој често резултира со ваков вид на злосторства“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Медиумите никако да им се погодат на властитеЛокалните медиуми јавуваат дека тројца млади момчиња се шетале низ паркот кога биле нападнати од група мажи.
Комесарот за заштита на еднаквоста, Бранкица Јанковиќ, го осуди нападот.
Таа потсети дека според Кривичниот законик е забрането секое насилство, особено она што е резултат на дискриминација на која било општествена група.
Јанковиќ посочува дека од големо значење е надлежните органи што поскоро да ги пронајдат и санкционираат сторителите.