Белиот и полубелиот леб од 450 грама ќе се продаваат по 33 денари, откако Владата ја замрзна цената на денешната владина седница. Донесена е и одлука да се укине повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија.
Таква можност имаа компаниите од 1 декември 2022, но потоа анализите покажале дека иако имаат повластена струја не ја намалиле цената не лебот.
Одлуките ги соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој рече дека владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и да им се помогне на граѓаните.
Мелничарите вчера се заканија дека ако се замрзне цената на лебот, тие ќе го прекинат производството.