Столтенберг - Украина ќе влезе во НАТО на „долгорочен план“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција во седиштето на Алијансата во Брисел, Белгија, 21 февруари 2023 година .

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Украина ќе стане членка на Алијансата на „долгорочен план“, но истакна дека прашањето сега е земјата да остане независна во соочувањето со руската инвазија.

„Сојузниците на НАТО се согласија Украина да стане членка на нашата алијанса, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Финска, Хелсинки, на 28 февруари.

По руската инвазија, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од воената алијанса предводена од САД да и даде на Украина брзо членство.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ во февруари 2022 година, набргу откако беше нападната, и доби статус на кандидат во јуни.

Видете и ова: Турција на 9 март ќе ги продолжи преговорите за Шведска и Финска во НАТО


„Кога војната ќе заврши треба да се погрижиме историјата да не се повтори“, рече Столтенберг на прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.

„Претседателот Путин не може да продолжи да ги напаѓа соседите. Тој сака да ја контролира Украина и не планира мир, тој планира уште војна“, рече Столтенберг.

Исплашени од инвазијата на Москва на Украина, Финска и Шведска се откажаа од својата децениска политика да не учествуваат воени сојузи и поднесоа барање за влез во НАТО во мај 2022 година.