Белоруските власти наредија зголемени гранични проверки на луѓето кои ја напуштаат земјата, откако антивладините активисти тврдеа дека извршиле напад со беспилотно летало врз руски авион за набљудување кој бил паркиран на аеродром во близина на Минск.
Луѓето кои ја преминаа границата на 27 февруари рекоа дека за разлика од вообичаените контроли, чуварите ги претресувале личните предмети и внимателно ги прегледувале торбите и возилата.
Граничните власти на Белорусија не ја коментираа ситуацијата, која доаѓа еден ден по наводниот напад на рускиот авион, авион за надзор А-50.
Алиаксандр Азаров, шефот на активистичката антивладина група именувана како Унија на безбедносните сили на Белорусија односно БИПОЛ изјави за белоруската служба на РСЕ дека биле користени беспилотни летала за напад на авионот додека бил на земја, додавајќи дека оние што учествувале во операцијата „сега се безбедни, надвор од земјата“.
Радио Слободна Европа не може независно да ги потврди ваквите тврдења. Кремљ нема коментар за случувањата.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека зборот за наводниот напад врз авионот е „добра вест за воздухопловните сили на Украина“.
„А-50 беше „постојано во воздух“ и вршеше радарско извидување, скенирајќи за украинска опрема за противвоздушна одбрана и го следеше движењето на украинските авиони“, изјави тој на украинската телевизија.
Руска веб-страница објави дека нападот на авионот А-50 бил извршен со шест беспилотни летала одеднаш, од кои повеќето биле соборени додека се приближувале до целта.
„Сè уште нема да го откриеме бројот на беспилотни летала. Но можам да потврдам дека се работи за напад со дрон. Нека работат специјалните служби и нека се обидат да утврдат колку ги има“, рече Азаров.
Организациии на групи за заштита за човекови права велат дека безбедносните сили веќе извршиле рација во резиденција во близина на аеродромот каде што беше приведена активистката Кристина Максименка.
Азаров, кој служеше како потполковник во единицата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи го основаше Унија на безбедносните сили на Белорусија во 2020 година по невидените масовни протести што избувнаа кога авторитарниот владетел Александар Лукашенко ја потврди победата на спорните избори.
Унија на безбедносните сили на Белорусија стекна влијание во земјата во текот на изминатата година по нејзините напори да ги оштети белоруските железници за да го попречи напредокот на руските трупи и оружје во Украина.
Кампањата беше наречена „војна на железницата“, додека оние кои беа вклучени во кампањата го добија прекарот „железнички герилци“. На неколку „железнички герилци“ веќе им се изречени долги затворски казни откако беа приведени од белоруските власти.
Видете и ова: Белорусин осуден на 15 години затвор поради „герила акција“Белорусија не е директен учесник во војната во Украина, но ѝ обезбеди логистичка поддршка на Русија за инвазијата дозволувајќи им на руските сили да влезат во Украина преку белоруска територија.
Западните влади го зголемува притисокот кон Белорусија и Русија со сè поголем список на финансиски санкции како одговор на војната на Кремљ против Украина и за напорите на Белорусија да и помогне на руската инвазија