Деблокирана е работата на црногорскиот Уставен суд откако Собранието на 27 февруари изгласаа тројца нови судии, со што и се овозможи услови за работа на Уставниот су. Од септември минатата година Уставниот суд немаше кворум за одлучување, затоа што броеше само тројца од потребните седум судии.
Тројца кандидати за судии добија одобрение од Собранието, додека за четвртиот кандидат во првиот круг не гласаше потребното двотретинско мнозинство, па за него Парламентот ќе одлучува најрано за еден месец.
За избор на судија во вториот круг на гласање потребно е трипетинско мнозинство од 81 пратеник. Судиите во Уставниот суд имаат мандат од 12 години.
Парламентарното мнозинство и опозицијата претходно се договорија за избор на Снежана Арменко, Драгана Ѓурановиќ и Момирка Тешиќ, додека малцинските партии не се согласија за избор на нивниот кандидат во Уставниот суд.
Кандидатот за судија Фарук Ресулбеговиќ кој требаше да биде последниот избран судија не ја доби довербата на Парламентот, бидејќи малцинските партии не се согласуваат со неговиот избор.
Договорот меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата за кандидати за Уставен суд е постигнат по континуираните предупредувања од западните партнери ЕУ, САД и Велика Британија кои бараа деблокирање на таа институција.
Црна Гора со неизборот на судии се најде во ризик од можна блокада на веќе отпочнатите преговори со ЕУ.