ДКСК отвори предмет за вицепремиерот Груби

Артан Груби

Отворен е предмет за првиот вицепремиер во Владата, и министер за односи меѓу задниците, Артан Груби, потврди на 27 февруари Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Предметот бил отворен пред десет дена, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

На денешната редовна седница членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“.

„Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување“, велат од ДКСК.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека Владата, ЈО и ДКСК се уште молчат за, како што рече, „скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма“.

Видете и ова: Народот не може толку да создаде, колку што власта може да украде


„Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а истиот да е платен само 100.000 евра. Според ова, произлегува дека квадратен метар семејството Груби платиле за само 700 евра, а реалната цена е над 3000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра по квадратен метар не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот Груби, пак, на 23 февруари, по обвинувањата на адреса на неговото семејство од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е криминално здружение со судски пресуди.

„Секој клептоман гледа во другите клептоман, секој лопов гледа во другиот лопов“, кажа Груби.