Најмладиот милионер, но во денари, во земјата имал осум години, а највозрасниот 96, покажуваат даночните пријави доставени до Управата за јавни приходи (УЈП), а се однесуваат на даночната 2021.
Директорката на Управата, Сања Лукаревска на 27 февруари ги презентираше податоците од анализата за годишните даночни пријави. Осумгодишникот во 2021 пријавил приходи од нешто над милион денари или околу 16.500 евра годишно, а ги добивал по основ на семејна пензија. Највозрасниот, пак, имал приходи над 1, 2 милион денари ( околу 19.500 евра) годишно, исто така најголемиот дел од нив остварени од пензија.
Најголема плата од два милиони евра на годишни ново остварил граѓанин со работа во странство.
Граѓанин од Скопје, пак, во 2021 имал најголема капитална добивка од 2,1 милион евра од продажба на сопственички удел. Граѓанин од Велес добил највисока дивиденда од 3,5 милиони евра од исплатувач кој се занимава со трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун.
Видете и ова: Партиски пазари место квалитет за челни луѓе во институциитеАдвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и трговци со делови за моторни возила се меѓу топ десетте на листата со најголем остварен доход.
Директорката на УЈП, на листата на луѓе кои земале највисоки бруто плати ги спомена и платите во индустријата за производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности, компјутерско програмирање.