За премерот Димитар Ковачевски предлогот за задница на албански општини во Македонија е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански. Тој на 27 февруари одговараше на новинарски прашања за предлогот на доскорешниот владин партнер партијата Алтернатива за идејата за формирање на заедница на албански општини.
„Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници “, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето социјални станови во Гостивар.
За оние кои го заговараат тој предлог смета дека се или неинформирани или, како што рече, „недобро ги разгледале договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“.
Од друга страна, како што рече, во Косово постои друг договор кој исто така е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во минатото во Косово.
Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и одлучи да премине во опозиција, повика да се започне иницијатива за формирање „Заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот што е предвидено да се формира ваква заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.
Сите политички партии ја отфрлија оваа идеја како несериозна, антиамериканска и антиевропска која меѓудругото го поткопува и постигнувањето мировно решение меѓу Косово и Србија.